ВИДЕО: Скопјани на колена пред разголените танчерки

Од:

Скопјани им се израдуваа на разголените девојки кои вечерва танцуваа од излози над главниот влез на Универзална сала.

“Тоооо Цецоо” им дофрлаа на танчерките, а меѓу публиката имаше и такви кои паднаа на колена кога во еден од излозите девојките танцуваа во дуо.

“Како да им дадеме по десет евра на девојчињава?”, прашуваа дел од насобраните и порачуваа дека вакви настани му требаат на градот, посебно сега, во време на пандемија.

Возбудени од танчарските потези на девојките, неколкумина од публиката заборавија да стават маски, иако насекаде имаше полиција. На таквите не им пречеше ни студот, па понесени од танцот, почнаа да се соблекуваат застанати пред импровизираните излози, на платото пред Универзална сала.

Вечерашниот перформанс го организира Здружението за поддршка на маргинализирани работници Стар-Стар, заедно со партнерите: ХОПС – Опции за здрав живот Скопје и Коалиција Маргини.

Настанот е дел од второто издание на „Skopje Red Light District 2020“ и одбележувањето на Меѓународниот ден против насилството врз сексуалните работници, со кое организаторите сакаат да го свртат вниманието кон тешката позиција во која се наоѓаат сексуалните работници поради криминализацијата на нивната дејност, рестриктивните закони, регулативи и практики.

Би можело да ве интересира

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош