Директорот на Агенцијата за млади и спорт Александар Пујовски денеска се сретна со македонскиот фудбалски интернационалец Горан Пандев.
Како што соопшти Агенцијата, средбата која е резултат на повеќенеделни разговори, ја искористија за формално Пандев да ја изложи својата идеја поврзана со неговата Фудбалската академија пред Агенцијата за млади и спорт, а се однесува на дополнителна инвестиција која квалитативно ќе ја надополни академијата, со тоа и фудбалскиот спорт во Македонија.