(ВИДЕО) Андоновска: Барам средба со Филипче јавно пред целокупната јавност да одговори на горливите прашања кои ги мачат граѓаните

Од:

„Кој си ја има мувата на капата си ја ишка, така и со Филипче министерот за здравство, кое нема ниту една причина да биде иземено од одговорност за скандалозниот тендер за набавка на вакцини со ограничена спецификација за вакцините со услови кои ги исполнува само една фирма.

Срамота е Венко да се вади дека тој не е одговорен, дека тоа не го направило министерството, дека тоа го направило Центарот за јавно здравје“, вели Марија Андоновска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Центарот за јавно здравје е приватна институција или институција која има ингеренции од министерството за здравство?

Дали тоа што набавката ја прави Центарот за јавно здравје е помалку проблематично? Дали евентуалните малверзации со парите на граѓаните така на тој начин се прават легални?

До кога ќе се крие Венко зад пресовите, и зад неговите изјави и соопштенија?

Денеска дојдов тука да добијам одговор директно од Венко.

Венко честопати нагласува како тој е транспарентен и ја говори вистината. Но од друга страна имаме сосема спротивни сведоштва од граѓаните, чија вистина се разликува многу од она што ја кажува Венко. Затоа дојдов денеска тука пред министерството да оставам податоци и да побарам прием кај министерот, како би можеле да поразговараме за многу теми и тоа не само ние, туку отворено пред камерите, пред очите на целокупната македонска јавност да видиме кои од овие кажувања е вистината. Дали е вистината она што го кажува министерот Венко или вистината се трагичните сведоштва и хаосот со кој што граѓаните го опишуваат здравствениот систем“, изјави Марија Андоновска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

Куповната моќ на граѓаните е драстично зголемена, платите растат побрзо од цените, се пофали ВМРО-ДПМНЕ

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

Катерина Ѓуровски