Угостителски објект во Тетово работел по дозволеното време, приведен сопственикот

Од:

Сопственик на угостителски објект од Тетово е приведен синоќа поради непочитување на ковид-мерките. Од МВР информираат дека објектот кој е лоциран на улицата „Илинденска“ во Тетово, работел со гости по дозволеното време и не ги почитувал мерките за справување со коронавирусот.

„Сопственикот на објектот (Ф.И.) бил задржан во Полициската станица Тетово и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе му биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниот законик, а поради сомнение дека сторил кривично дело непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“, информираат од полицијата.

Би можело да ве интересира

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба