Османи ја заврши посетата на Унгарија – да се зајакне економската соработка

Од:

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, во рамките на работната посета на Унгарија, оствари средба и со советниците за надворешна политика на унгарскиот премиер, Виктор Орбан – Јанош Бала и Јанош Мате.

Како што соопшти МНР, на средбата со двајцата советници, беше разговарано за блиските билатерални односи меѓу двете земји и потребата од нивно интензивирање, а посебно беа разгледани модалитетите за унапредување на соработката на економски и трговски план, каде сѐ уште постои голем неискористен потенцијал кој треба да биде искористен, пред сѐ од страната на бизнис заедниците на двете земји.

Во тој контекст, соговорниците посебно се согласија за значењето од одржување на 4-та сесија на Мешовитата македонско-унгарска комисија за економска соработка, кога за тоа ќе бидат создадени епидемиолошките услови.

На средбата беа разменети мислења и за други актуелни прашања и случувања во регионот, како во однос на регионалната соработка така и за отворените билатерални прашања и процеси кои се значајни за стабилноста и европската перспектива на Западниот Балкан, но и на Европската Унија, се доадава во соопштението.

Османи претходно оствари средба и со неговиот домаќин, министерот за надворешни работи и трговија, Петер Сијарто.

Шефот на македонската дипломатија, додаваат од МНР, во последните три дена имаше интензивна агенда со посета на земјите членки на ЕУ дел од поширокото соседството на Западниот Балкан – Чешка, Романија и Унгарија, а мини-турнејата на поширокиот регион завршува на 21 декември со посета на Австрија.

Би можело да ве интересира

Во МНР отворена Книга на жалост за загинатите во трагедијата во Кочани

МНР: На девет амбасадори им завршува мандатот, неточни се информациите објавени на дел од порталите

Филипче покажа недоволно познавање на меѓународната политика, реагира Министерството за надворешни

МНР: Македонија ја реафирмира цврстата поддршка за Украина и продолжува со осудата на агресијата на Руската Федерација

Македонија ќе добие нови амбасадори во Украина, Јапонија и Хрватска

МНР ќе бара објаснување од Србија зошто е протерана македонска државјанка од Белград

Горан Наумовски