Филипче: Се поставува модуларната болница во Штип

Од:

Министерот за здравство Венко Филипче, утрово беше во посета на Клиничката болница во Штип, каде почна да се поставува монтажната болница за третман на пациенти со Ковид-19.

„Одлично оди динамиката со поставувањето на модуларните болници насекаде низ државата, онаму кадешто дефиниравме дека е приоритет. Штип е еден од градовите заедно со Гевгелија, Кичево, Струга. Понатаму, следуваат Струмица и Куманово. Ова е еден модел кој го правиме со помош на Светската банка, кој ќе даде значајно полесен пристап на пациентите кои се заболени од Ковид-19 и повисок степен на квалитет на лекување“, потенцираше министерот.

Како што информираат од ресорното министерство, модуларните болници се опремени со соодветна дијагностичка опрема, лабораторија, мобилни дигитални рентген апарати, ЕХО апарати…

„Со поставувањето на оваа модуларна болница во Штип, се добива уште една предност, а тоа е веќе потпишаниот договор за целосно реновирање на сегашното инфективно одделение, благодарение на проектот на Европската Унија за меѓугранична соработка. Овој проект го одложивме затоа што сега таму се сместени голем број пациенти и практично ќе продолжи да се спроведува кога пациентите ќе се префрлат во оваа модуларна болница, што очекуваме да се случи некаде на крајот на месец јануари“, рече Филипче.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Меџити: Информацијата за укинување на организациските директори доставена до Владата

Ана Ололовска

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on