ВМРО-ДПМНЕ: Предавничките политики на Заев продолжуваат, да им угоди на бугарските власти сега ќе укинувал историја во основните школи

Од:

„Брзо помина периодот кога Заев глумеше лажен патриот, пак си се врати во водите каде игра најдобро, а тоа се предавничките политики.

Заев да им угоди на Бугарите сега ќе укинувал историја во основните школи со што нанесува тежок блам и срам за државата која се откажува од правото да изучува за својата историја“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

„Дополнително илјадници наставници можно е да останат без своите работни места. Нема идентитетско обележје од кое Заев не се откажа. Кога Заев ќе ги стави рацете на образованието таму ќе се случи катастрофа.

Повикуваме на повлекување на концептот за образование и веднаш отворање на широка и детална презентација на содржините кои се отфрлени и оние кои би останале во образовниот процес, како и широка и детална јавна дебата во која ќе бидат вклучени сите релевантни фактори, институции, институти и научни титули, за да не се случи македонската историја да биде одземена од македонската иднина“, велат ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Панова: Стратегијата на претходната влада не донесе во ќорсокак со евроинтеграциите

(ВИДЕО) Филипче: Ќе бега ли сега Груевски во Русија, кога ќе има барање за екстрадиција

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО