Израел следната недела ќе почне кампања за масовно вакцинирање

Од:

Израел следната недела ќе почне кампања за масовно вакцинирање на граѓани против Ковид-19, откако премиерот Бенјамин Нетанјаху лично контактираше со директорот на компанијата „Фајзер“, јавија локалните медиуми.

Милиони Палестинци кои живеат под израелска контрола ќе мора да чекаат многу подолго за вакцинирање.

Израел има подвижни единици за вакцинација кои имаат фрижидери во кои вакцината може да се чува на минус 70 степени Целзиусови. Вакцинацијата треба да започне следната недела, со капацитет од 60.000 дози на ден.

Израел постигна договор со „Фајзер“ за набавка на осум милиони дози вакцини, што е доволно за половина од девет милиони жители на оваа земја.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Израелски напад во центарот на Бејрут, четворица мртви и десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Трудо: Канада ќе ја почитува пресудата на Меѓународниот кривичен суд за Нетанјаху, Галант и Ал Масри

Бејрут и денеска е цел на израелската армија

ОН: Израелските доселеници протераа повеќе од 1.720 Палестинци од Западниот Брег

Бајден: Издавањето налог за апсење на израелски лидер е срамота

Горан Наумовски

Најмалку 47 лица загинаа, а 22 се ранети во израелски напад врз Балбек-Хермел во Либан