УНИЦЕФ за првпат храни деца во Британија

Од:

УНИЦЕФ почна акција во Велика Британија за првпат во својата 74-годишна историја, за да се нахранат гладни деца погодени од корона-кризата.

Околу 1.800 семејства во Велика Британија кои ги почувствуваа економските последици поради пандемијата ќе добијат пакети со храна за време на училишниот распуст, објави „Дејли меил“.

Ана Кетли, директор на оваа програма на УНИЦЕФ, рече:

„Ова е прва итна интервенција на УНИЦЕФ во Велика Британија, за да се спречи страшниот удар на новиот коронавирус и да им се помогне на семејствата на кои им е најпотребна помош“.

Секој пакет храна ќе содржи 10 нутриционистички оброци, што ќе вклучуваат ананас, овес, кокос и ориз, како и месо, грав и млеко.

Британската Влада беше критикувана кога УНИЦЕФ се приклучи на кампањата за помош на храна чии семејства беа особено погодени од пандемијата во Велика Британија, што е прв ваков случај во историјата на агенцијата на ОН.

Лабуристичката партија, најголемата опозициска група, рече дека е „срамно“ што околу 1.800 семејства во тешка состојба за време на Божиќните празници делумно се хранат со финансиска помош од Фондот за деца на ОН.

– Ние сме меѓу најбогатите земји во светот, рече потпретседателот на Лабуристичката партија Ангела Рајнер.

– Не требаше да се случи ова, додаде таа.

– Нашите деца не смеат да зависат од добротворни организации кои обично работат во воени зони и по природни катастрофи.

Би можело да ве интересира

Секое трето дете во земјава живее во сиромаштија

Катерина Ѓуровски

Децата се 70 отсто од жртвите на трговија со луѓе во Македонија

Катерина Ѓуровски

УНИЦЕФ ги повика талибанците да дозволат девојчињата да се вратат на училиште

ВИДЕО: Погодено возило на УНИЦЕФ на влезот на Газа

УНИЦЕФ: Најмалку 17.000 деца во Газа се одвоени од своите семејства

УНИЦЕФ: Убиството на децата во Газа мора да се запре, тие не се цел