Здружението на преведувачи и толкувачи на Република Северна Македонија (ЗПРМ), основано во декември 2010 година согласно со Законот за граѓански здруженија и фондации, од страна на 10 угледни слободни преведувачи и толкувачи и професори, денеска ќе ја одбележи својата десетгодишнина преку електронската платформа ZOOM.
Мисијата на здружението е да воведе професионални стандарди на пазарот во земјава, да работи на професионалниот развој на своите членови и да создава позитивна перцепција за професиите „преведувач“ и „толкувач“ меѓу припадниците на професијата, потенцијалните клиенти и пошироката јавност.
Како што е најавено, на денешното одбележување за почетоците на Здружението ќе говорат претходните претседателки, а актуелната претседателка ќе ги пренесе плановите за во иднина.
Ќе биде промовирано и посебно видео подготвено за 10-годишнината на Здружението.