Приведен осомничениот албански државјанин за убиството на сопружниците од кичевско Србица

Од:

По 8-месечна истрага, Министерството за внатрешни работи го расчисти и документираше двојното убиство на сопружниците од кичевското село Србица, кои на 02.09.2012 година беа пронајдени починати, откако претходно им биле врзани рацете и нозете, а лицата им биле покриени со алишта.

До Основното јавно обвинителство Гостивар, поднесена е кривична пријава против А.Л.(37) албански државјанин поради постоење основано сомнение дека е сторител на кривично дело „разбојништво со смртни последици“. Делото е извршено во ноќните часови на 01/02.09.2012 година во куќа во кичевското село Србица, кога заедно со уште две лица, со употреба на сила одзеле околу 12.000 американски долари и одредена количина златен накит, а при вршењето на делото од живот ги лишиле 70-годишните Иса и Селиме Имери.

При расчистување на случајот, МВР има добиени сознанија дека извршители на наведеното кривично дело се три лица албански државјани, меѓу кои е и пријавениот А.Л.

Врз основа на оперативни сознанија дека истиот во неколку наврати остварувал легален влез во Македонија и на подрачјето на Тетово, Гостивар и Кичево нелегално работел како физички работник, завчера, на 29.05.2013 година е пронајден и лишен од слобода на подрачјето на Тетово, спроведен за понатамошна работа во ПС Кичево и со кривична пријава е предаден на Истражен судија од Основен суд Гостивар при што му е  одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

По однос на останатите осомничени лица, соопшти денеска МВР, се превземаат понатамошни мерки и активности за нивно пронаоѓање и целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба

На „Блаце“ уапсен кондовец баран за тероризам – му се закануваат 16 години затвор

А1он