Москва: САД не трпат здрава конкуренција, тоа се гледа од санкциите против Турција

Од:

Американските санкции против Турција во врска со набавката на рускиот ракетен систем за противвоздушна одбрана С-400 се уште еден показател за неспособноста на Вашингтон за чесна конкуренција, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

САД воведоа санкции против турскиот Секретаријат за одбранбена индустрија и нејзиниот директор Исмаил Демир, како и против уште три лица од компанијата „за врски со Русија“.

Американскиот државен секретар Мајк Помпео изјави дека Вашингтон стриктно ќе ги спроведе санкциите, во согласност со законот „За спротивставување на противниците на Америка преку санкции“ (ЦААТСА), и заради соработката на трети земји со рускиот одбранбен сектор.

-Ова е уште еден доказ дека САД не можат да ја издржат конкуренцијата, да играат според правилата. Потребни им се дополнителни чекори за да си обезбедат одредена конкурентска предност, без разлика дали тие чекори се спротивни на законот. Во тоа спаѓаат и едностраните санкции за воено-индустрискиот комплекс , рече Захарова на редовниот брифинг за новинарите, пренесоа руските медиуми.

Испораката на руските системи за противвоздушна одбрана С-400, што ја предизвика кризата во односите меѓу Турција и САД, почна од средината на јули 2019 година.

Вашингтон побара Анкара да се повлече од договорот и за возврат да ги купи американските системи „Патриот“, заканувајќи се дека ќе ја одложи, па дури и ќе ја откаже продажбата на најновите ловци Ф-35 на Турција, и дека ќе воведе санкции против неа.

Анкара, меѓутоа, одби да направи отстапки и ги продолжи преговорите за купување на дополнителна серија С-400.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Во експлозија во Москва убиен еден од најважните руски генерали

Катерина Ѓуровски

Келог: Војната во Украина ќе биде „решена во следните неколку месеци“

Медведев: Постои можност за понатамошна анексија на територии во Украина

Кадиров: Руските сили го нападнаа Харков како одмазда за нападите со беспилотни летала врз Грозни

Зеленски: Русија распореди повеќе севернокорејски војници да го бранат Курск

Горан Наумовски

Руската армија се евакуира од Сирија

Горан Наумовски