Твитер ќе ги брише сите коментари во кои се тврди дека пандемијата е измислена

Од:

Компанијата Твитер денеска соопшти дека ќе побара од своите корисници самите да ги отстранат твитовите во кои наведуваат лажни или погрешни тврдења за вакцинација против коронавирусот, јавија британските медиуми.

Социјалната мрежа соопшти дека од корисниците ќе биде побарано да ги избришат коментарите во кои се наведува дека вакцините се „намерно дизајнирани да предизвикаат штета или полесно да се контролира населението, вклучително и коментари во кои се наведува дека вакцините се дел од глобален заговор“.

На корисниците на Твитер, исто така, ќе им биде забрането да пишуваат дека пандемијата не е реална или не е сериозна и дека вакцинирањето е непотребно.

Би можело да ве интересира

Гардијан се повлекува од X мрежата на Маск, вели дека станала „токсична“

Судот во Бразил ја потврди забраната за социјалната мрежа Х

Врховниот суд на Бразил го забрани Х на Маск

Нови проблеми со платформата X

Маск дозволи порнографија и насилство на платформата X

Судот пресуди дека Твитер го прекршил договорот за исплата на бонуси на вработените

Горан Наумовски