Здружението „е-Проект“ тврди дека во брашното пронашле поголема колична афлатоксин од дозволената и дека извештајот го пратиле до Министерството за земјоделство на Србија.
Извештајот здружението го пратило и до весникот „Денес“, но и до кабинетот на министерот за земјоделство.
Во известувањето се наведува дека во неколку примероци на брашно пронашле поголема количина афлатоксин од дозволената, како и дека тоа го потврдила лабораторија од Бечеј.
Но во Земјоделската инспекција при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство велат дека досега не им стигнал таков извештај .
Од инспекцијата тврдат дека вршат континуирани контроли на произведувачите на храна, кои што се занимаваат со производство од пченка, односно ја користат како суровина.
Елена Георгиевска