Невработеноста во еврозоната се зголеми за рекордни 12,2 отсто

Од:

Невработеноста во еврозоната во април се зголемила на нов рекорд од 12,2 отсто од мартовските 12,1 отсто, соопшти денеска европската агенција за статистика Евростат.

Бројот на вработените лица во еврозоната во април се зголеми за 95.000 на вкупно 19,38 милиони невработени.

Тие податоци, меѓутоа, ги прикриваат големите разлики кои постојат меѓуземјите, па така додека во Грција и Шпанија секое четврто лице нема работа, стапката на невработеност во Германија паѓа на 5,4 отсто.

Инфлацијата во еврозоната, според Евростат, се зголеми на 1,4 отсто за една година заклучно со мај со априлските 1,2 отсто.

Сепак, инфлацијата и натаму е под целта на Европската централна банка од под два отсто.

Би можело да ве интересира

Закани без ефект: Фицо ја заобиколува половина Европа за да стигне до Путин

ЕУ ќе претстави патоказ за постепено укинување на увозот на фосилни горива од Русија

„Гардијан“: Орбан се соочува со голем проблем, ЕУ планира да го замолчи

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

ЕУ ја зголемува финансиската поддршка за палестинската управа

Шмихал: ЕУ и предаде на Украина една милијарда евра замрзнат руски имот