Претседателот на државниот институт за статистика Истат, Карло Блањардо проценува дека оваа година во Италија ќе има околу 700 илјади починати, речиси сто илјади повеќе од минатата година.
„Тоа е како бројот на жртви во војната, последен пат во Италија беше забележан таков број на смртни случаи во 1944 година“, изјави Блањардо за телевизијата РАИ.
Весникот „Ил Фато Котидијано“ коментира дека неговите зборови ја потврдиле споредбата што новинарите и научниците често ја користат кога пишуваат за коронавирусот, како на пример „војна против пандемијата“ и слично.