Чука – Османи: Евоинтеграцијата на С. Македонија ќе придонесе за мирен, безбеден и просперитетен Балкан

Од:

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи кој се наоѓа во посета на Романија утрово се сретна со романскиот премиер, Николае Чука, а предвидена е средба и со неговиот колега и домаќин, министерот за надворешни работи Богдан Ауреску.

Како што соопшти МНР, Османи го запозна романскиот премиер со актуелните ангажмани и напори на Владата на Република Северна Македонија за продолжување на европските реформски напори, за посветеноста за унапредување на добрососедските односи и регионалната соработка.

-Без разлика на актуелните предизвици, не сакаме да изгубиме ниту еден ден во приближување на земјата до европските стандарди. Унапредувањето на добрососедските односи се секако еден од клучните приоритети на Северна Македонија, како модел кој единствено гарантира стабилност и просперитет за целиот регион, истакна Османи.

Премиерот Чука, се посочува, изрази задоволство од напредокот и ентузијазмот на С Македонија во контекст на европските интеграции, посочувајќи дека напредокот на земјата кон ЕУ ќе придонесе за мирен, безбеден и просперитетен Балкан, што преставува силна гаранција за стабилноста и на поширокото соседство на Балканот, како и воопшто за стабилноста на Европа.

На средбата стана збор и за актуелните внатрешно-политички случувања во двете земји, за регионални и глобални прашања и за различни видови на соработка кои ќе ја засилат билатералната соработка меѓу Северна Македонија и Романија, стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

Во МНР отворена Книга на жалост за загинатите во трагедијата во Кочани

МНР: На девет амбасадори им завршува мандатот, неточни се информациите објавени на дел од порталите

Филипче покажа недоволно познавање на меѓународната политика, реагира Министерството за надворешни

МНР: Македонија ја реафирмира цврстата поддршка за Украина и продолжува со осудата на агресијата на Руската Федерација

Македонија ќе добие нови амбасадори во Украина, Јапонија и Хрватска

МНР ќе бара објаснување од Србија зошто е протерана македонска државјанка од Белград

Горан Наумовски