Лустрираниот Карајанов: Ми го сменија идентитетот

Од:

Лустрациската комисија ми го смени идентитетот и ме прогласи за кодош – тврди Петар Карајанов, поранешен функционер во време на комунизмот, еден од последните лустрирани.

Тој на прес конференција објави документи со кои се потврдува дека лустрираниот Петар Карајанов е друго лице, иако претседателот на комисијата Томе Аџиев сакал него да го прогласи за кодош.

Имено Карајанов е роден 1936-та, а во документите на лустрациска лицетот Карајанов е родено 1937-та. Вистинскиот Карајанов нема брат и никогаш не патувал во Шведска, за разлика од лустрираниот за кој се наведува дека има брат во Шведска и дека таму се пренесувале информации и се комуницирало со безбедносните служби. Неодговараат ниту податоците за образованието- едниот студирал македонски јазик, другиот англиски.

На крајот, Петар Карајанов живеел во Скопје, а не во Гевгелија, како што стои во документацијата. Со ваквата очигледна грешка лустрациската комисија надвор од законот, без да ги провери податоците и фактите, донела решение за лустрирање на погрешен човек. Петар Карајанов ја повика комисијата да му се извини за направената штета и да признае јавно дека лицето кое е прогласено за кодош е друг Петар Карајанов, а не биорецот од НОБ, поранешниот секретар на Градскиот комитет на КПМ.

Заради овој случај Хелсиншкиот комитет побара оставка од Томе Аџиев, како и за случајот со професорот Љубомир Фрчковски. Според Уранија Пировска законот одново се покажал како инструмент за реваншизам кон неистомислениците и замолкнување на критичкиот јавно кажан збор.

 

Би можело да ве интересира

Несими: Мојата лустрација имаше политичка позадина

Ана Ололовска

Поништувањето на лустрацијата влезе во собраниска процедура и ги раскара пратениците

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Џафери: Не го видов законот, но немам проблем со укинување на лустрацијата

Габриела Димковиќ-Мишевска

(ВИДЕО) Кирацовски: Нема да ме изненадат илјадници амандмани за лустрацијата

Габриела Димковиќ-Мишевска

Калеска-Ванчева: Најавата за блокада на поништувањето на лустрацијата доказ дека во ВМРО-ДПМНЕ ништо не е променето

Ана Ололовска

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ заглавија на укинување на лустрацијата

Габриела Димковиќ-Мишевска