Знаеме дека станува збор за свесно, намерно или со умисла убиство на децата во утробите на мајките. Црквата не може да го премолчи тоа и сака да го каже својот глас, рече Владиката Петар, на прес-конференцијата во Битола, објави Канал 5.
Тој потенцираше дека оваа порака ја упатува пред се до христијаните, а не до оние кои не веруваат во Господ.
Ние сме должни да укажеме дека не треба да се создава јавно мислење дека абортусот е нешто дозволено. Некои невладини организации, кои се декларираат дека се православни, создавајќи мислење дека абортусот е нешто дозволено всушност прават штета на човештвото и на нацијата, вели Владиката Петар.
Ризикот од абортусот е и самоубиство, зашто жените преку абортус ризикуваат да останат неплодни или го ризикуваат својот сопствен живот, што е двоен грев, дополнува Митрополитот Петар.