ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Филипче наутро организираат избори, попладне бројат заразени, навечер кршат закони, за на крај да воведат рестрикции

Од:

„Зоран Заев и неговиот министер Венко Филипче се синоним за лицемерие. Лицемерите Заев и Филипче наутро организираат избори, попладне бројат заразени, навечер кршат закони и прославуваат додека бројат мртви, за на крај да воведат рестрикции.

Заев и Филипче ни помалку, ни повеќе си поигруваат со сите граѓани. Заев и Филипче им глумат некаква загриженост, а реално им велат „не не гледајте што правиме, слушајте што зборуваме“. Или Заев и Филипче им велат на граѓаните за нас не важат мерки, ние сме недопирливи, но вие сте обични смртници, мислете му ја“, велат ВМРО-ДПМНЕ.

„Навредите кон граѓаните не се од вчера, тие се откако е се власт, во овие последни 100 дена на оваа старо-нова влада, а исто е и деновиве кога се глуми загриженост.

Во суштина од Заев и Филипче нема ништо освен лицемерие! Во суштина Заев и Филипче само го лажат народот! И во меѓувреме граѓаните молат за лек, молат за болнички кревет, молат секаде, по сите врати, кај роднини, комшии, и тоа молат за основни работи, молат за основна здравствена услуга. Но, основната здравствена услуга им е оневозможена поради неспособноста на Филипче, незаинтересираноста на Заев кои го уништија здравствениот систем.

Сепак има нешто и знаат Заев и Филипче, а тоа е грижа за сопствените бизниси, злоупотреба на функциите за истите.

Јавноста во неделата за време на мафијашко-талибанските избори беше сведок на ора, седење по кафеани, непочитување на мерки и тоа од страна на екипата на Заев, на испорачувачите на нелегални финансирања и други активности од криминалното подземје во Штип. И сето ова беше дел од корона изборите во Штип.

Поради ваквото однесување време е за одговорност! Поради ваквото однесување време е за оставки на Филипче, но и на Заев и неговата екипа!“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски