Англискиот репрезентативец Џек Грилиш доби жестока казна за бесното возење

Од:

Судот во Лондон му ја одзеде возачката дозвола и му изрече парична казна во износ од 100.000 евра на англискиот фудбалски репрезентативец и капитен на премиерлигашот Астон Вила, Џек Грилиш поради предизвикување две сообраќајни несреќи во март и во октомври годинава.

Забраната за возење е на девет месеци. Тој претходно ги призна двата прекршоци. Во моментот на сообрќајката во март, Гирлиш ги прекршил и рестрикциите за заштита од коронавирусот. Тој ги напуштил местото на инцидентот и не му бил направен алкотест, но сведоците тврдела дека било очигледно оти е под дејство на алкохол. Вториот инцидент се случи во близина на тренинг центарот на Астон Вила.

Би можело да ве интересира

Диего Карлос ја заврши сезоната

Тежок удар за Астон Вила

А1он

Поранешниот асистент на Мурињо фаворит за Астон Вила

Кристијан Ландов