ЕУ на 23 декември ќе ја одобри вакцината на „Фајзер“

Од:

Германскиот весник „ Билд“ денеска пишува дека Европската агенција за лекови (ЕМА) планира на 23 декември да ја одобри вакцината на компанијата „Фајзер“ против Ковид-19.

Германскиот министер за здравство, Јенс Шпан, денеска, исто така, беше прашан за точноста на овие информации. Меѓутоа, тој не сакаше да ја потврди оваа голема вест за целата Европска унија, но, сепак, кажа дека „тоа е одлична вест“

Британските медиуми наведуваат дека Брисел го зголемил притисокот врз ЕМА за вакцината што поскоро да го види светлото на денот на територијата на ЕУ.

Агенцијата (ЕМА) одлучи, сепак, да го забрза целиот процес, бидејќи нивниот прв состанок за ова прашање беше планиран дури на 29 декември.

Можеби причината е бурната дебата во Брисел на темата „како е можно вакцината создадена во Германија прво да биде одобрена во Велика Британија и САД, а потоа дури во ЕУ“.

„Билд“, меѓутоа, пишува дека германската Влада сите административни пречки ќе ги реши за време на празниците и дека вакцинацијата ќе почне по Божиќ.

Би можело да ве интересира

Венс: Европа не може засекогаш да биде „безбедносен вазал“ на Америка

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент

Додик: Ваква Европа нема иднина и тешко може да се спаси

Русија отфрла какво било присуство на европски трупи во Украина

Мерц: Коалицијата на конзервативците и СПД е сигнал дека Европа може да се потпре на Германија

Пентагон размислува за повлекување на илјадници војници: Европа е загрижена за плановите на Вашингтон