Бојан Лазаревски е именуван за нов директор на Агенцијата за филм

Од:

Со Агенцијата за филм ќе раководи Бојан Лазаревски, реши Владата на денешната седница.
Лазаревски беше член на Управниот одбор на Агенцијата за филм од 2017 до 2020 година а на оваа позиција доаѓа од работното место раководител на партнерска мрежа составена од кредитни посредници кои како алатка ги користат услугите на наменските кредити кон крајните потрошувачи.

Тој има многугодишно искуство во банкарскиот сектор а во својство на член на УО на Агенцијата за филм успешно ги менаџираше одлуките за буџетите за филм.

„Во Агенцијата за филм затекнавме долг поголем од 10 милиони евра. Ова успеавме да го премостиме и во периодот од речиси четири години драстично ја зголемивме филмската продукција со квалитетни филмови што допреа до сите светски фестивали. Благодарам за довербата што ми е дадена и свесен сум дека сум исправен пред голем предизвик да го продолжам најголемиот успех што го доживеа нашата кинематографија во изминатиов период. Се надевам на соработка со филмските професионалци да ја спроведеме зацртаната нова стратегија за развој на филмската уметност и да го продолжиме успехот“, изјави Лазаравски за А1 он.
Лазаревски доаѓа на местото директор на Агенцијата за филм по истекување на вториот мандат на Горјан Тозија.

Би можело да ве интересира

„Бизнисот на задоволството“ почна да се прикажува пред македонската публика

Агенција за филм: ДКСК конструира невистина наместо да се занимава со спречување корупција

Кривична одговорност за директорот на Агенцијата за филм и за неколку градоначалници на Радовиш бара Антикорупциска

Катерина Ѓуровски

Министерство за култура: Ќе се исплатат сите обврски кон македонскиот филм до крајот на годината

Агенција за филм: Филмска продукција ќе има, продолжува континуираната поддршка на македонскиот филм

Предраг Петровиќ

Лазаревски реагира на објавата на Венецискиот филмски фестивал: Нема прогон на автор, туку расчистување на финансиски злоупотреби