Стрип-центарoт на Македонија – Велес вечер во Скопје ќе ја презентира завршната стрип-изложба која е дел од проектот„ Стрип-училиште – стрипот во интеркултурна едукативна мисија 2020“, финансиран од Министерството за култура. Изложбата ќе биде отворена во 18 часот во ФАНТАСТ- арт студио Емилија и Стојче Тоциновски во ТЦ „Бисер“, горен кат, локал бр. 40.
Како што информира Томе Трајков од СЦМ-Велес, проектот како основна цел го има зацртано развојот на интеркултурноста како и деметрополизацијата на културата во земјава преку едукативни стрип-активности наменети за млади од разни етнички и други средини.
– Млади таленти од Велес, Скопје, Битола и Куманово, од различна етничка припадност, во новонастанатите услови предизвикани од пандемијата со Ковид-19 твореа стрипиви токму на таа тема, но и на други социјални теми. Преку овој проект се остварува: зголемување на бројот на млади таленти, од разни етнички припадности, коишто и натаму ќе се знимаваат со стрипафирмација на стрипот како алатка за обработка и решавање на разни теми од општествената сфера, информира Трајков.
Вакви стрип изложби веќе се одржаа во Велес и Битола, а оваа во Скопје е завршна, во рамки на овој проект.