Во текот на измината недела ЈП Паркинзи на општина Центар во соработка со сообраќајната полиција санкционира вкупно 94 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, информираат од ЈП паркинзи на општина Центар.
Од Јавното претпријатие додаваат дека отстранувањето било извршено со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ при што првенствено биле отстранети 68 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани биле 26 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.
-За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ и СВР Скопје во наредниот период ќе продолжат со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во општина Центар со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот, стои во соопштението.