Рохани: Израел сакаше војна со Иран во последните денови од мандатот на Трамп

Од:

Иранскиот претседател Хасан Рохани денес го обвини Израел дека минатиот месец го уби научникот Мохсен Фахризаде „само за да почне војна во последните денови од администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп“.

Британските медиуми наведуваат дека Рохани на денешната прес-конференција за првпат директно го обвини Израел за убиството на Фахризаде на крајот на минатиот месец, кој важеше за еден од архитектите на иранската нуклеарна програма.

Израел, земјата која исто така во текот на изминатата деценија беше осомничена за серија убиства на ирански научници, постојано избегнува да го коментира убиството на Фахризаде.

-Иницирањето нестабилност и војна во последните денови од администрацијата на Трамп беше главната намера на ционистичкиот режим со извршениот атентат врз Фахризаде, рече Рохани.

Иранскиот претседател најави одмазда за убиството на иранскиот научник и рече дека неговата земја нема да дозволи да избие нестабилност во регионот.

Би можело да ве интересира

Трудо: Канада ќе ја почитува пресудата на Меѓународниот кривичен суд за Нетанјаху, Галант и Ал Масри

Бејрут и денеска е цел на израелската армија

ОН: Израелските доселеници протераа повеќе од 1.720 Палестинци од Западниот Брег

Бајден: Издавањето налог за апсење на израелски лидер е срамота

Горан Наумовски

Најмалку 47 лица загинаа, а 22 се ранети во израелски напад врз Балбек-Хермел во Либан

Израел и Хезболах продолжуваат да се борат и покрај преговорите