ВИДЕО: „Падна“ хрватскиот возач кого полицијата го бркаше цела недела – има само два прста на рацете, а возел пијан

Од:

Хрватската полиција пред неколку дена го уапсила возачот-фантом, кој успеа да им избега на два полициски „пресретнувачи“ со својот неисправен и нерегистриран „Опел“ пикап.

52-годишниот возач по име Ненад, познат и по прекарот „Италијанец“, е без целата лева шака, која ја изгубил во несреќа, а на десната рака има само два прста, но тоа не му пречело да изведе филмски маневар и да им избега на полицајците со две коли, кои пред една недела го запреле.

По седум дена бегство, Ненад, кој е стар познаник на полицијата со преку 100 пресуди за сообраќајни прекршоци и поминати месеци во локалниот затвор, бил фатен откако при вртење во рикверц, со „пикапот“ пропаднал во канал, а престапникот не можел да го извлече.

Локалните медиуми јавија дека возачот-бегалец наводно бил пијан и одбил алко-тест, но за тоа нема потврда од полицијата, која соопшти само дека тој е повеќекратен престапник кој немал возачка дозвола, а автомобилот бил неисправен, неосигуран и нерегистриран.

Доколку се утврди и дека возел под дејство на алкохол, проблематичниот шофер би можел да добие и подолга затворска казна, според строгите хрватски закони.

Би можело да ве интересира

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка

ВИДЕО: Невреме го потопи Сплит

Земјотрес од 4,4 степени во Босна, почуствуван и во Хрватска

На српско-хрватската граница повторно уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Невреме во Хрватска, се излеа Сава кај Загреб

Стигна студениот бран во Словенија и Хрватска, падна и снег