Отворен за сообраќај првиот дел од новиот булевар „Босна и Херцеговина“

Од:

Заврши изградбата на првиот дел од новопроектираниот булевар „Босна и Херцеговина“, кој се протега од улицата „Македонско-косовска бригада“ до раскрсницата со улиците „Александар Урдаревски“ и „Ќемал Сејфула“. Булеварот има шест сообраќајни ленти и комплетна инфраструктура.

Тој ги поврзува граѓаните на општините Шуто Оризари, Карпош, Чаир, Бутел и Железара со преостанатиот дел од градот. Заедно со булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ претставува брз излез на обиколницата.

Инвестицијата ги чини граѓаните околу сто милиони денари (околу 1.6 милиони евра).

На отварањето на сообраќајот денеска присуствуваше градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов кој посочи дека станува збор за најмодерно сообраќајно решение, со целосна инфраструктура, шест сообраќајни ленти, две велосипедски и две пешачки патеки, средишно зеленило и странично зеленило.

– Се сеќавате дека овде имаше една стара улица која исто се викаше „Босна и Херцеговина“, и која 50-тина години не беше реконструирана. Овој булевар всушност е дел од секундарниот северен прстен за којшто разговаравме во текот на кампањата во 2017 година и ова е неговата реализација. Во чест на Република Босна и Херцеговина денеска го отвораме овој булевар, за граѓаните да уживаат во овој квалитет што го внесуваме во Скопје, рече Шилегов.

Тој нагласи дека Градот вложува во нова и современа инфраструктура, а во тек се градежните работи на булеварот „Никола Карев“.

Шилегов упати апел до граѓаните додека се изведуваат реконструкциите на градските улици да се придржуваат кон сообраќајните режими што се воведуваат за да се овозможи побезбедно одвивање на сообраќајот.

На отворањето за сообраќај на булеварот денеска присуствуваа и амбасадорот на Република Босна и Херцеговина, Драган Јаќимовиќ, градоначалниците на општините Чаир и Бутел, Висар Ганиу и Велимир Смилевски и советници од Советот на Град Скопје

Би можело да ве интересира

Приватниците ќе возат само трета смена, бараат повеќе пари: Град Скопје го обвинува Славеески за опструкција

Кирков: Со Данела Арсовска и нејзините кадри за директори од најголема атракција Зоолошката Градина во Скопје се претвори во хорор приказна

АХВ нареди времено затворање на кујната во касарната „Гоце Делчев“

Горан Наумовски

Град Скопје поднесе 20 проекти на јавниот повик на Владата

Град Скопје: ВМРО-ДПМНЕ и нивната коалиција во Советот на град Скопје докажаа дека водат политиката на инает со граѓаните

Мицкоски ќе ги замоли советниците од ВМРО-ДПМНЕ да ги изгласаат програмите што ги бара Арсовска

Горан Наумовски