Демократски сојуз: Да не учествуваме во предизборната кампања во Бугарија

Од:

Демократскиот сојуз смета дека политичарите од Република Бугарија водат предизборна кампања преку манифестирање на национализам против Македонија, Македонскиот народ и јазик. Партиите кои се со силна антимакедонска кампања, за жал, веќе го зголемија партискиот рејтинг, независно од штетата што ја направија помеѓу двете држави и народи, велат ДС.

„Секојдневно пласираат дезинформации и невистини, ја редефинираат историјата, образложуваат зошто Бугарија ставила вето на евроинтегративниот процес на Македонија и во суштина носителите на високи партиски и државни функции во Бугарија се натпреваруваат со тешки навреди спрема Македонскиот народ, а крајната цел е да добијат политички поени.

Ваквата предизбирна кампања и натаму ги труе и влошува односите помегу двете држави, но таа кампања е поефективна доколку сите тие национал-шовинистички изјави јавно ги коментираме“, се наведува во соопштението на Демократскиот сојуз.

„Наш став е дека треба да ги оставиме тие самите да се гушат во национализамот и ниското ниво на комуникација. Фрлајќи кал по нас тие ќе заглават во истата.

Македонија е суверена држава, со своја автентична историја, народ и јазик.

Наместо да кукаме, ние треба како држава да подготвиме Акциски план за приоритетните реформи и имплементација на европските вредности и да се движиме по патот кон Европската Унија.

Потребни се реформи на судскиот систем, ефикасна борба против криминалот и се разбира справување со пандемијата и прилагодување на економијата во услови на тешка здравствена криза“, велат од Демократскиот сојуз.

Би можело да ве интересира

ДС: Во прва фаза поминаа законите за една изборна единица и за формирање Агенција за борба против тешки облици на организиран криминал

Ана Ололовска

ДС: Идејата за широка коалициска Влада ќе доживе колапс, треба да се одржат предвремени парламентарни избори

Ана Ололовска

Павле Трајанов: Се отвора расправа за една Изборна единица

Ана Ололовска

Павле Трајанов: Со една изборна единица ќе зајакнат демократијата и одговорноста

Ана Ололовска

Демократски сојуз: Со законите кои ги предлага Владата ќе се легализира грабежот

Горан Наумовски

Демократски сојуз: Оставка на членовите на Републичкиот судски освет

Катерина Ѓуровски