(ВИДЕО) Колариќ: Шилегов и СДСМ изгласаа 100% поскап паркинг во услови на пандемија

Од:

„На последната седница на Совет на Град Скопје Петре Шилегов со своите партиски послушници предложија и изгласаа 100% поскап градски паркинг. Со образложение дека мора да се покачи бидејќи се покачени трошоците за струја и вода.

Со оваа одлука уште еднаш потврдија дека немаат слух за жителите на градот Скопје.

Немаат слух за кризната состојба, економската нестабилност, сиромаштијата, немаат слух за огромниот број на граѓани кои секојдневно се борат со вирусот и мака мачат како да издржат со паричните средства од месец за месец“, вели Светлана Колариќ советничка на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје.

„Зар во декември и прогласена кризна состојба се носи ваква одлука? Во услови кога послабо се користи автобуски превоз, неможност за возење велосипеди и тротинети, во услови кога се брза да се завршат секојдневни активности по аптеки, лаборатории, амбуланти, поликлиники и клиники, во услови кога зрак чист воздух го земаш на Водно за време на викенд да плаќаш поскап паркинг.

Шилегов удирајќи по џебот на граѓаните, удираш со глава во ѕид. Зар ова беше животот кој го ветивте за сите? Зар поскапи сметки за вода, струја, паркинг значат живот!

Зар поскапување на месечен паркинг билет од 1.000 денари стара цена на 2.000 денари нова цена живот значат за вас? Зар ова беше договорот со Филипче кога им ветивте на здравствените работници бесплатен паркинг на Клинички центар?

Вие со вашите политики сте еднакви на непознатиот непријател Ковид-19. Вие со вашите небулозни политики ги уништивте граѓаните на Градот Скопје.

Еден ден ќе биде доцна да ги исправите грешките. Граѓаните никогаш нема да ви заборават!“, изјави Светлана Колариќ советничка на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

Куповната моќ на граѓаните е драстично зголемена, платите растат побрзо од цените, се пофали ВМРО-ДПМНЕ

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

Катерина Ѓуровски