Столтенберг: Улогата на НАТО беше клучна за БиХ

Од:

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, синоќа, по повод 25-годишнината од потпишувањето на Дејтонскиот договор, рече дека присуството на војниците на НАТО одигра клучна улога во тоа да се донесат завојуваните страни на преговарачката маса.

Како што рече, по потпишувањето на Дејтонскиот договор, силите на НАТО го надгледуваа неговото спроведување и оттогаш се присутни за „да помогнат во одржувањето на мирот и стабилноста на Западен Балкан“, пренесува сараевскиот портал Кликс.

– Им помогнавме на властите во БиХ да ги реформираат нивните безбедносни институции. Едно од најзначајните достигнувања беше воспоставување на заеднички вооружени сили. Крајот на војната беше дочекан со над 400.000 војници, непомирливо поделени меѓу трите војски. Денес тоа е единствена професионална армија од околу 10.000 војници и 5.000 резервни членови под заедничка команда, истакна Столтенберг.

Генералниот секретар на НАТО додаде дека 25 години подоцна, има уште многу да се направи.

– Не смееме и не можеме да се вратиме во минатото. Компромисот може да биде тежок, но тоа е од суштинско значење доколку граѓаните на оваа земја сакаат да живеат како што заслужуваат. НАТО ќе продолжи да и помага на БиХ, но иднината е во ваши раце. Со единство, одлучност и компромис, можно е да се постигнат големи работи. Помина четвртина век од Дејтон и време е за нова посветеност на мирот, реформите и просперитетна иднина за сите, рече Столтенберг.

Би можело да ве интересира

Адмирал на НАТО до претприемачите: Подгответе воено сценарио

НАТО: Се подготвуваме за „прецизни удари“ ако дојде до војна помеѓу нас и Русија

НАТО соопшти за што разговарале Руте и Трамп

Претседателката Сиљановска Давкова ја прими Радмила Шекеринска, новоизбраната заменик-генерална секретарка на НАТО

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина

Трамп го номинираше Метју Витакер за американски амбасадор во НАТО