Иштван Пушкаш од Унгарија поминал неколку месеци во изработка на мошне необичен и уникатен автомобил, кој се разликува од останатите, бидејќи е изграден од дрво.
Пеесет и едногодишниот земјоделец за изградбата на својот автомобил користел различни видови на дрво.
Но моторот не е направен од дрво, туку е позајмен од „Фиат 126“, а управувачот од стар „Мерцедес“.
Пушкаш работата на автомобилот од соништата ја започнал околу Божиќ, а со поддршка од сопругата, со неговата изработка ги поминал зимските денови.
За жал автомобилот не може да се регистрира, но локалните власти му дозволиле да го вози низ селото и околината.
Тој има намера да го продаде својот автомобил, бидејќи нема доволно голема гаража за него. Не постои сомнеж дека овој изум, бргу ќе најде нов сопственик.
Елена Георгиевска