Мексико стана четвртата земја што одобри употреба на вакцина против Ковид-19, развиена од страна на „Фајзер“ и „Бионтек“, откако здравствениот регулатор Кофеприс даде зелено светло, соопштија мексиканските власти.
– Кофеприс одобри итна употреба на вакцини на Фајзер и Бионтек, соопшти заменикот-министер за здравство Уго Лопез-Гател на прес-конференција. – Тоа е причина за … надеж, додаде тој.
Вакцината на Фајзер/Бионтек беше одобрена од Велика Британија, Канада и Бахреин пред Мексико, а малку подоцна и од САД. Мексиканската влада нарача 34,4 милиони дози од вакцината, а првите пратки треба да пристигнат во текот на овој месец.