Црногорската Влада го формираше Советот за борба против коронавирусот, чиј претседател е министерката за здравство, Јелена Боровиниќ Бојовиќ.
Членови на стручното тело се петмина министри и Игор Галиќ, кој ќе биде новиот директор на Институтот за јавно здравје.
Во образложението се наведува дека Советот е формиран со цел да се исполнат обврските поврзани со превенција, сузбивање, отстранување и искоренување на заразната болест предизвикана од коронавирусот, соопшти Владата.