Познат изгледот на медалите за ЗОИ во Сочи

Од:

Организаторот на Зимските олимписки игри кои на почетокот на следната година ќе се одржат во рускиот град Сочи, ги престави медалите кои ќе ги добиваат најдобрите спортисти на натпреварувањето.

Организаторите објавија дека направиле 1.300 медали за Олимписките и Параолимписките игри во 2014-година.

– Дизајнот на медалите е приказ на вечните вредности на Русија, но и иновативен пристап кон игрите, го објаснуваат дизајнот на медалите претседателот на локалниот организационен одбор Димитриј Шерњишенко.

Додаде оти се надева дека златните  медалите ќе ги задржат во Русија, а сребрените и бронзените, рече, може да одат во други земји.

Тој појасни дека за изработка на златните медали се потрошени три килограм злато и платина, секоја од нив е со дебелина од 10 милиметри и дијаметар од 100 милиметри, а секој медал посебно се изработувал по 18 часа.

На предниот дел на медал се карактеристичните Олимписки кругови, а на задниот се впишан спортовот односно дисциплината во која е освоен медалот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Откако се посрамоти, австралиската олимпијка замина во пензија

Предраг Петровиќ

Полска сака да биде домаќин на Олимписките игри во 2040 или 2044 година

Ватерполистите на Србија ја победија Америка и се пласираа во финалето

Ѓоковиќ го освои олимпиското злато и ја комплетираше колекцијата на најголемите тениски трофеи

Предраг Петровиќ

Леброн Џејмс сака да игра на Олимпијадата во Париз – ќе го предводи дрим-тимот

Олимпиското злато и беше одземено на Русинка и доделено на Американка

А1он