ВИДЕО: Леброн Џејмс е спортист на годината во изборот на „Тајм“

Од:

Американскиот магазин „Тајм“ ја избра ѕвездата на НБА лигата, Леброн Џејмс, за спортист на годината, објави денеска весникот.

Во образложението на одлуката се наведува дека 35-годишниот кошаркар на Лос Анџелес Лејкерс воспостави нова парадигма во која се вели дека постои комерцијално влијание заедно со политичкиот принцип.

„Тајм“ потсетува дека на крајот на јуни годинава, охрабрен од движењето „Блек Лајвс Метер“ („Black Lives Matter“), Џејмс ја основа непрофитната организација „Повеќе од глас“ со цел да привлече се поголем број луѓе на гласачките места.

До август, речиси 50 спортисти, забавувачи и медиумски личности му се придружија, а организацијата до одржувањето на изборите регрутираше повеќе од 40.000 работници за изборите на места како Атланта, Милвоки, Детроит и Филаделфија, градови кои помогнаа да се обезбедат клучни гласови за демократскиот кандидат Џо Бајден.

Џејмс ги охрабри своите 48 милиони следачи на Твитер да гласаат, а себеси се претстави на билборд на кој пишуваше „гласај или умри“, што според „Тајм“ е најистакнат пример за растечкиот активизам што се шири во спортскиот свет во 2020 година.

„Поттикнати од пандемијата која непропорционално однесе животи на обоени граѓани, полициските убиства на невооружени Афроамериканци, сите – спортисти, тениски sвезди, возачи на тркачки автомобили зборуваа против расната неправда“, наведува „Тајм“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Леброн Џејмс ја поддржа Камала Харис: Изборот е јасен

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Леброн Џејмс: Не се гледам себеси на Олимпијадата во Лос Анџелес