Македонските вина промовирани во Кина

Од:

Вината на 11 македонски винарски визби од денеска до сабота ќе се презентираат на Саемот за промоција на вино и пијалоци „Интервине“ што се одржува во градот Гуанџоу во Кина.

На заеднички павилјон ќе бидат претставени вината на Тиквеш, Стоби, Сковин, Далвина, Попов, Бовин, Камник, Дудин, Езимит, Имако и Попова Кула. Предвидена е и дегустација на македонските вина од сортата „вранец“ и презентација на Македонија како туристичка и инвестициска дестинација за љубителите на вино.

На натпреварот за вино, во конкуренција на 130 вина од 20 држави, беа прогласени вината „Вранец Веритас 2011“ од винаријата „Стоби“ за најдобро црвено вино и „Дисан 2010“ од винаријата „Бовин“ за најдобро оценето вино во категоријата најдобар сооднос на цена и квалитет. Признание за најдобар стратешки партнер на овогодинешното издание на саемот доби Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија.

Штандот од 120 метри квадратни на кој се претставуваат македонските вина беше обезбеден со финансиска поддршка од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Во организацијата беа вклучени и Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, Агенцијата за поддршка на туризмот  и Здружението „Вина од Македонија“, како и Амбасадата на Република Македонија во НР Кина.

Ова е најголемиот саем во областа Гвандонг, јужна Кина, на кој своите вина ги презентираат повеќе од 500 изложувачи од 20 земји од светот. Саемот го посетуваат повеќе од 20.000 увозници и дистрибутери на вино од цела Кина.

Би можело да ве интересира

На македонската вечер организирана од Владата ќе се претстават над 300 винарии и македонски специјалитети

Франција: Полицијата ги разоткри продавачите на лажни премиум вина

Николовски: Зголемена откупна цена и поголеми приходи на лозарите преку новиот Закон за виното донесен од СДСМ

Благодарение на СДСМ цените на грозјето се покачуваат гарантирано за 25 отсто, велат од партијата

МЗШВ: Производната цена на килограм „смедеревка“ 18,3 денари, а на „вранецот“ 20,8

МЗШВ: Собранието го донесе новиот закон за вино, лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје