Универзитетската библиотека „Св.Климент Охридски“-Битола го промовира јубилејното 50. издание на списанието „Библиотечен тренд“ посветено на библиотекарите од таа установа.
Во „Библиотечниот тренд“ бр. 50 претставени се сите четири сектори со раководителите, одделенијата и вработените со своите работни задачи, хронологијата на Библиотеката од 1945 – 2020, вклучувајќи го основањето, местата на работа, вработените со години на вработување, работни задачи и пензионирање.
Во јубилејното издание публицирани се поважни активности, набавка на средства и опрема за работа, изградби, доградби, реновирања и осовременување на библиотечните процеси, меѓубиблиотечната соработка во земјата и странство преку посети и средби, учество на семинари, рабoтилници и конференции.