Пореч домаќин на 56. Европското првенство во карате

Од:

Извршниот комитет на Европската карате федерација (ЕКФ) одлучи сениорското европско првенство во 2021 година да се одржи во Пореч, Хрватска. Во предвид беа земени повеќе значајни параметри при изборот на нов домаќин, откако Гетеборг ја откажа организацијата на најголемиот континентален настан во каратето поради штетите предизвикани од пандемијата од коронавирусот.

ЕКФ дефинираше прецизни параметри со цел да се обезбедат што е можно повеќе услови за одржливост на настанот, земајќи ги предвид однапред утврдените барања, како што се локацијата до Централна Европа (полесен пристап за поголем број земји), искуството во одржување настани под посебни околности на COVID-19 и слободниот пристап до земјата без оглед на пандемијата или политичката ситуација во Европа во сегашно време.

Покрај Хрватска, кандидати за организација на ЕП 2021 беа уште и: Азербејџан, Бугарија, Полска и Шпанија.

Европско првенство ќе се одржи од 19 до 23 мај 2021 година и ќе биде дел од бодувањето за светската ранг-листа.

Би можело да ве интересира

Недеви на карате семинар во Глазгов, Шкотска

Пет медали за Македонија на Балканското карате првенство – златен за Марко Џорлев

Дебарската каратистка Сара Дука освои бронза на Балканскиот шампионат во Словенија

„Макпетрол“ освои 11 медали на државниот плејоф карате-турнир за сениори

Ана Ололовска

Пет медали за каратистите на „Макпетрол“ на турнирот „Кроација опен“

Ана Ололовска

Реакција од Д-р. Бошко Заборски, тренер на македонскиот најтрофеен карате клуб „Макпетрол“-Скопје