ВИДЕО: Прототип на „Старшип“ на Спејс Икс се урна при слетување по пробен лет

Од:

Прототипот на ракетата „Старшип“ на Спејс Икс експлодираше при обид за повторно слетување синоќа, неколку минути по навидум обичното тест полетување од лансирниот погон на компанијата во Тексас.

Уништената ракета „Старшип“ беше прототип на тешка ракета висока 52 метри, развиена од приватната вселенска компанија на Елона Маск за транспорт на луѓе и 100 тони товар во идните мисии на Месечината и на Марс.

Ракетата експлодира кога слета на подлогата за слетување по контролирано спуштање. Тест летот беше наменет да достигне висина од 12,5 километри, напојуван за првпат од три новоразвиени мотори на СпејсИкс.

Маск кратко по несреќата објави на Твитер дека „притисокот во резервоарот за гориво е мал“ за време на спуштањето, „поради што брзината на контакт беше голема“.

Тој додаде дека СпејсИкс ги добил „сите податоци што им се потребни“ од тестот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Историски лет на најмоќната ракета во светот: „Старшип“ на Маск изведе невеојатен потфат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Момент за паметење: Првата прошетка во вселената

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) SpaceX на Илон Маск го откажа лансирањето, Starship има проблеми

Катерина Ѓуровски

ЖИВО: Илон Маск ја лансира најмоќната ракета во историјата, почна одбројувањето

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Најголемата ракета во светот се подготвува за пробниот лет

„Спејс Икс“ лансира 52 сателита „Старлинк“ во орбитата на Земјата

Ана Ололовска