ВМРО-ДПМНЕ: Ниту 100 обраќања и глумења патриот не го бришаат предавството на Заев и рушењето на позициите со Бугарија

Од:

„Ниту 100 обараќања и глумење на патриот на Заев нема да го сменат фактот дека тој трајно ги наруши позициите на Македонија во однос на Бугарија.

Зоран Заев сосема кусогледо и нереационално на маса ги стави придавката „македонски“ и историјата.

Нема да биде македонска влада, македонска историја, се зборови кои сам Заев ги изговори во интервјуто за БГНЕС.

Зоран Заев јавно, на интервју, кажа дека е спремен да се откаже од идентитетот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Заев цел процес на преговори немаше црвени линии. Заев ги продаде револуционерите како Гоце Делчев и партизаните.

Дури откако народот се крена и излезе на улиците Заев ретерираше, но тоа што го направи, со самиот факт што на маса стави работи за кои не се преговара се непоправливи грешки, грешки од историско стратешки димензии.

Заев ја минираше Македонија не само сега, туку и за наредните 20 години. Одговорно е да каже Заев сега која е алтернативата зошто не е оправдување да чекаме да поминат изборите во Бугарија. Тоа не е аргумент, тукј неспособност на Заев за решение.

Македонија е изгазена од Заев и ниту 100 обраќања и глумење патриот нема да го спасат од судот на историјата, а народниот суд кој ќе дојде на избори ќе му го покаже патот до таму!“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче