Поранешниот германски канцелар Хелмут Шмит и поранешниот француски претседател Жискар д’Естен – кои се едни од основачите на еврото, констатираа дека ЕУ преживува институционална криза.
– Нема криза на еврото, но има криза на европските институции. Единствената институција која функционира е Европската централна банка, рече Шмит, а Д’Естен изјави дека е согласен со него.
Според Д’Естен, ако нема нов проект идната година, на европските избори ќе настапи катастрофа.
Тој се изјасни за создавање група со претседателот на Германија и генерален секретар од Франција, која ќе организира редовна месечна средба еднаш месечно на лидерите на земјите од еврозоната, како и за даночна и буџетска хармонизација во целата ЕУ.
– Доаѓам последен пат во Франција. Потоа нема да мрдам никаде, изјави 94-годишниот Шмит, кој е во инвалидска количка.
Тој со својот 87-годишен пријател Д’Естен се сретнаа во резиденцијата на германската амбасада во Париз.