По Елен Деџенерис, Никол Шерцингер, Винона Рајдер и многу други, и Кејт Винслет исто така реши да го продаде својот стан во срцето на Њујорк.
Малкумина се оние кои не би се вселиле веднаш во овој раскошен двокатен комплекс со пристап до покривот од зградата. Ѕвездата на „Титаник“ го купи имотот во 2004 година, но сега, по 16 години, оскаровката одлучи дека е време да се збогува од него.
Луксузниот стан од 280 квадратни метри се наоѓа во населбата Челси во Њујорк. Има четири спални соби и исто толку бањи, а една од предностите на овој имот е приватниот балкон на покривот на зградата што глумицата го претвори во своја мала оаза на мирот во срцето на градската џунгла.
Новиот сопственик ќе ужива во пространиот „отворен простор“ што ги поврзува дневната соба, кујната и трпезаријата. Секој агол од станот е украсен многу минималистички и според сегашните трендови.
Има и поголем број прозорци во сите простории, благодарение на што станот е исполнет со природна светлина цел ден.