МЗ: Има болничка терапија за ковид-пациентите иако е зголемена побарувачката на одредени лекови

Од:

Министерот за здравство Венко Филипче денеска се сретна со директорите на интерните клиники и разговараа за третманот на болните, состојбата со капацитетите на ковид-центрите и ротациите со персонал.

– На состанокот се разгледуваше состојбата за достапност на болничка терапија за ковид-пацинетите кои се хоспитализирани. И покрај зголемената побарувачка на одреден број лекови, доставата на терапиите оди тековно и нема застој. За некои лекови кои се користат во болниците, потрошувачката е тројно зголемена во однос на истиот период лани, но потребните колични се испорачуваат и нема недостиг од лекови, соопшти Министерството за здравство.

Министерството известува дека во моментов има доволно слободни места на интерните клиники, дека ја следи состојбата со бројот и приемот на пациенти и доколку се појави потреба, ќе се отворат дополнителни капацитети за згрижување ковид-пациенти.

Во однос на кадарот, информира дека во сите ковид-центри на интерните клиники ќе бидат испратени дополнителен борј лекари.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Меџити: Информацијата за укинување на организациските директори доставена до Владата

Ана Ололовска

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on