Екипа на ЕВН денес околу 11:20 часот била спречена при извршување на смена на броила во зграда во скопско Топанско.
Неколку станари од зградата не им дозволувале на вработените да ја исполнат работната задача, по што вработените повикале полиција.
Од МВР го потврдуваат случајот и информираат дека по неговата пријава, нивни екипи се упатиле на лице место каде на екипата на ЕВН и пружиле асистенција при замената на броилата и ги предупредиле станарите за своето однесување.