Македонската кошаркарска репрезентација доби згуснат распоред во евро-квалификациите

Од:

Македонската кошаркарска репрезентација завршните четири натпревари од чиj исход зависи дали ќе обезбеди пласман на Европското првенство ќе треба ги одигра во рок од само пет денови на почетокот на идната година, одлучи ФИБА Европа.

Февруарскиот квалификациски циклус во Б-групата ќе се игра во рускиот град Перм, а македонската репрезентација своите натпревари ќе ги одигра од 18 до 22 февруари.

Прв противник на „црвено-жолтите“ ќе биде Италија на 18 февруари, следниот ден е пресметката против домаќинот Русија, по што следат уште едем меч со Италија, 21 февруари, и завршниот дуел со Естонија, на 22 февруари.

Македонската кошаркарска репрезентација ги отвори квалификациите со два порази, а пларсман на завршницата носи најмалку третото место во групата.

Би можело да ве интересира

Mакедонија ја прегази Норвешка и обезбеди место во квалификациите за ЕП

Митрашиновиќ: Докажавме дека македонските кошаркарки имаат квалитет

Ти Џеј Шортс, најдобриот стрелец во Бундеслигата, ќе биде нов репрезентативец на Македонија

Ненад Димитријевиќ се приклучи на националниот тим

Стојан Ѓуроски надвор од кошаркарските терени следните два месеца

А1он

Машката кошаркарска репрезентација едно место погоре на листата на ФИБА

А1он