• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

Европската народна партија без коментар за блокадата на Борисов во Советот на ЕУ

by А1он08/12/2020 - 14:13498
Share0

Европската народна партија, ЕПП, нема коментар за блокадата на владејачката партија во Бугарија, која е и членка на ова политичко семејство во ЕУ, јави дописничката на МИА од Брисел. Во Европската народна партија членуваат владејачката ГЕРБ на бугарскиот премиер Бојко Борисов, како и македонската ВМРО – ДПМНЕ.

Добивај вести на вибер

На прашање кој е ставот на ЕПП, најголемата политичка партија во ЕУ и највлијателна во сите институции на ЕУ, за блокадата на преговорите со Северна Македонија, од нивната прес – служба кусо одговорија „немаме коментар“.

Во Европската народна партија членува партијата на германската канцеларка Ангела Меркел, од каде доаѓа и претседателката на Европската Комисија, Урусла фон дер Лајен.

На денешниот редовен брифинг на Европската Комисија беше исто така побаран став од оваа институција за блокадата во Советот на ЕУ, поради која не може да напредува ниту Албанија, а за сега не е планирано ни усвојување на заклучоците за другите земји од западниот Балкан.

Портпаролката Ана Писонеро повтори дека Европската Комисија останува посветена на ЕУ перспективата за регионот и дека за ова прашање треба согласност на земјите членки на Унијата. Таа потсети дека Комисијата го поддржува регионот во борбата против пандемијата од Ковид-19 како и со предлогот за новата методологија за преговори и инвестицискиот план за регионот.

-Би сакале првата меѓувладина конференција да биде свикана што е можно побргу, знаеме каде се наоѓаме и Советот треба да се согласи за преговарачките рамки, рече Писонеро.

bugarija dogovorepp

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Нема да има уставни измени без гаранција за правата на Македонците во Бугарија и без потврда дека ова е последна отстапка

Катерина Ѓуровски29/01/2026 - 13:31

Бугарија го оспорува Акцискиот план за малцинства затоа што бил на македонски јазик, вели Мицкоски

Катерина Ѓуровски04/01/2026 - 14:12

Мицкоски повтори дека нема намера да го менува Уставот без гаранции од Европската унија

Катерина Ѓуровски13/11/2025 - 13:56

Вајц се надева дека земјава по локалните избори ќе ги направи уставните измени за внесување на Бугарите

Катерина Ѓуровски21/10/2025 - 08:20

Изјавите на словачкиот претседател за Македонија ја налутија Софија

Катерина Ѓуровски16/10/2025 - 14:56

Муртезани: Кај премиерот и Владата постои сериозна одлучност за надминување на спорот со Софија по изборите

Катерина Ѓуровски02/10/2025 - 14:1002/10/2025 - 15:12
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен