Домаќинка во Војводина останала вчудоневидена откако пронашла златна летна во утробата на петелот кој што го заклала за да приреди жртвување за среќа поради изградбата на новата куќа, а и да направи ручек.
Имено во војводинската општина Вршац, семејството Малет во чест на мајсторите кои им ја граделе куќата, заклало петел но сите биле изненадени кога во утробата на петелот пронашле злато со должина од 1,5 сантиметри а ширина 8 милиметри.
Се претпоставува дека петелот го исколвал златото низ дворот а како што раскажува семејството, вакво нешто не му се има случено на никој од овој крај.