Рекламата на американскиот ланец на стоковни куќи „JCPenney” за нов чајник вознемири многумина, бидејќи модерно дизајнираниот сад од нерѓосувачки челик неверојатно подсетува на силуетата на нацистичкиот водач Адолф Хитлер.
-Тој чајник е плукнат фирер-вели возач кој ја фотографирал рекламата и ја ставил на интернет.
Рекламата за чајникот е поставена на прометен автопат во Калифорнија, поради што патниците во неа го пронајдоа омразениот диктатор, дури и неговата зачешлана коса, мустаќи, вратоврска па дури и нацистичкиот поздрав, со десната рака.
Компанијата „JCPenny” веднаш реагираше истакнувајќи дека диктаторот не бил инспирација за чајникот туку снешко белчо. Предмети кои наликуваат на Хитлер станаа многу популарни на интернет.
Неодамна е поставена фотографија на куќа во велшкиот град Свонзи која подсетува на поранешниот нацистички водач.
Елена Георгиевска