Првиот маж што прими вакцина против коронавирус во Велика Британија е 81-годишниот Вилијам Шекспир.
Пациентот од Ворвикшир вакцината на Фајзер ја примил утрово во Универзитетската болница Ковентри и тој е втор по ред, откако претходно тоа го направи 90-годишната Маргарет.
– Вториот пациент кој прими вакцина е, верувале или не… e Вилијам Шекспир од Ворвикшир, напиша репортер на Би-Би-Си со фотографии од овој човек.
Инаку, Велика Британија е првата земја која ја одобри употребата на вакцината на Фајзер против коронавирусот, а вакцинирањето започна денеска.